Лекот рилменидин (rilmenidine), кој се користи за намалување на крвниот притисок, го забавува стареењето, покажале експерименти спроведени на црви.
Во ново истражување биле анализирани ефектите на овој лек бидејќи претходно било покажано дека тој влијае врз ограничувањето на енергијата на клеточно ниво, за што било покажано дека го зголемува животниот век кај повеќе животни.
Во повеќе експерименти спроведени од страна на група истражувачи од повеќе земји, црвите на кои им бил даден лекот живееле подолго и имале здравствени карактеристики кои наликувале на оние што се добиваат со намалувањето на внесот на калории.
Диетите што предвидуваат намалено внесување на калории се тешки за следење и може да имаат негативни ефекти врз здравјето. Меѓутоа, научниците велат дека лекот ги нуди истите поволности за долговечноста како овие диети без негативните ефекти.
Во експериментите се користеле црви кои имаат многу гени слични на оние на луѓето. Сепак, дополнителни истражувања треба да покажат дали лекот го има истиот ефект врз луѓето и други животни.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay