X
 13.07.2017 Живот

Потребни работи за патување со вашето бебе

Ни помалку ни повеќе – ви нудиме листа со работи што ќе ви го олеснат патувањето со вашето дете и уште неколку совети за ефикасно пакување.

Листа на потребни работи:

-    Пелени

По една за секој час од патот, плус неколку во случај на застој, доцнење и слично.

-    Простирка на која ќе му ја менувате пелената на вашето дете

Можете да купите од оние за еднократна употреба во супермаркет или од оние што можат да се перат.

-    Покривачи

Земете неколку – да ги ставите на местото каде што ќе го спуштите бебето да легне, да го покриете, да се покриете себеси додека доите, да му направите сенка на бебето.

-    Кеси

Понесете неколку со различни големини – за искористени пелени, валкана облека или простирки.

-    Крем против исип
-    Влажни марамчиња
-    Гел за дезинфекција на раце, шампон за бебе и лосион за бебе
-    Хартиени марамчиња
-    Цуцли
-    Неколку омилени играчки
-    Облека, чорапи

Насока нека ви биде дека е потребно да имате облека за една до две комбинации на ден.

-    Шеширче
-    Столче за хранење, со прибор и храна

Доколку детето јаде цврста храна:

-    Млеко во прав, вода, сок
-    Неколку шишенца и чаши
-    Грицки што ќе ви ја вратат енергијата
-    Пумпици за млеко
-    Мала ламба
-    Сирупи, лекови против болки и средства за санирање мали повреди
-    Кенгур-носилки
-    Огради за бебиња
-    Базен на дување
-    Седиште за автомобил или авион
-    Количка

Корисни совети:

-    Почнете со подготовка неколку дена пред да заминете на пат. Направете листа со потребните работи.
-    Набавете торба за пелени со водоотпорна подлога и каиш за да можете да ја префрлите преку рамо.
-    Бидете подготвени за ситуации како што се повраќање и пропуштање на пелените за време на патот.
-    Спречете го истекувањето на течностите од шишињата така што ќе ги пакувате посебно во пластични кеси.
-    Секоја комбинација што сте ја понеле за бебето спакувајте ја поединечно во кеса, за полесно да се снаоѓате.
-    Понесете фотоапарат, полнач и мемориска картичка.
-    Набавете мало светло кое можете да го ставите на книгата и со тоа да имате светло додека читате, за да не го вознемирувате детето додека спие.
-    Запишете број од докторот на вашето бебе во случај да имате некои прашања додека сте на пат.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот