X
 16.10.2019 Политика

За заситените гледачи - телевизиски канал без вести за Брегзит

Британската телевизија „Скај“ за гледачите заситени од информациите за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија денеска покрена канал без вести за Брегзит.

Анкета спроведена ова лето покажаа дека британските гледачи по три години бомбардирање на јавноста за извештаите за текот на преговорите со ЕУ и условите за излегување на Велика Британија покажаа дека една третина од Британците целосно не гледаат вести.

Новиот канал без вести за Брегзит ќе се емитува секој работен ден навечер, а „Скај њуз“ и понатаму на главниот канал детално ќе ги следи сите аспекти на Брегзит.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 70 отсто од анкетираните изјавиле дека Брегзит кај гледачите предизвикува премногу фрустрации поради политичките караници, а 40 отсто изјавиле дека се чувствуваат немоќно бидејќи не можат да влијаат врз настаните, па затоа не гледаат вести.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика