X
 17.01.2017 Живот

Најмалата држава во светот во која сите сакаат да живеат

Најмалата самопрогласена држава во светот добива илјадници апликации за државјанство откако Велика Британија излезе од Европската унија и откако Америка го избра Доналд Трамп за претседател.

Принцот Мајкл од Силенд, кој владее со напуштената тврдина од Втората светска војна, на десетина километри од источниот дел на Англија, планира да присвои повеќе земја за да може да насели повеќе жители.

Во напуштената воена платформа, во 1967 година, Британецот Пееди Рој Бејтс, таткото на Мајкл, добил право да основа сопствена интерпретација на меѓународното право. Неговата сопруга Џоан, ја крунисал за кралица.

Силенд има своја валута, химна, знаме и фудбалски тим.

Принцот Мајкл верува дека барањата за државјанство се како резултат на незадоволството на луѓето од политиката на Британија и Америка.

silend
Фото: Screenshot/YouTube

- После Брегзитот, добивавме стотици барања дневно. После изборот на Трамп за претседател на Америка, оваа бројка се зголеми на повеќе од 200 - вели Мајкл.

Досега издадени се стотина пасоши, а платформата со големина на две тениски игралишта, досега била домаќин за 50 луѓе.

Заедно со самата платформа, Силенд има право и над морскиот појас од 12 наутички милји до платформата и наводно физички го одбранил суверенитетот во најмалку една прилика.

Имено, во текот на 1978 година, самопрогласениот премиер на Силенд, Германецот Александар Г.Ахенбах, додека кралот и кралицата биле во Англија, со помош на неколку Холанѓани, се обидел да ја окупира платформата, при што Мајкл Бејтс кратко време бил држен како заложник пред да биде пуштен на слобода во Холандија. Бејтс ја собрал војската и повторно ја освоил платформата, додека узурпаторите станале воени затвореници.

После завршувањето на „војната“, Холанѓаните биле ослободени, а премиерот, кој имал пасош од Силенд, бил обвинет за предавство и бил затворен. Тој морал да плати 75.000 тогашни германски марки. Холандија и Германија од британската влада барале да интервенира за Ахенбах да биде пуштен на слобода, меѓутоа Велика Британија одбила да се меша.

Германија испратила дипломат во Силенд, кој после неколку недели успеа да го ослободи Ахенбах, а Рој Бејтс овој потег на Германија подоцна го толкувал како признавање на Силенд од страна на Германија).

Во меѓувреме Ахенбах основал Влада на Силенд додека бил во егзил и тој сѐ уште тврди дека неговата влада е единствената легитимна влада на Силенд.

Кралицата Џоан починала во март минатата година, и го оставил Мајкл како единствен владетел (откако неговиот татко починал во октомври 2012 година).

Мајкл верува дека иднината на многу луѓе е токму во неговата држава. Во моментот, за да ѝ помогне на државата, тој продава титули, па така за 29 фунти можете да станете лорд, дама или барон/бароница.

- Сакаме таму да живеат многу луѓе. Не можете да најдете подобро место кое еден богаташ би можел да го поседува. Ова е единствениот дел од Европа каде може човек да ужива во автономија, а од Лондон го дели само едно хеликоптерско возење - вели Мајкл.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот