X
 05.12.2021 Образование

За да ве примат на „Харвард“, интелигенцијата и оценките не се доволни

Дали некогаш сте се прашувале што е потребно за да влезете на „Харвард“? Добри оценки, но и длабок џеб, според неодамнешно истражување, пренесува „Гардијан“.

Според истражувањето, само околу 57 отсто од белите студенти на „Харвард“ биле примени на универзитетот врз основа на нивниот училиштен успех.

Преостанатите 43 отсто од белите студенти на „Харвард“ се атлетичари, деца на поранешни студенти, деца на донатори или деца на вработени во Универзитетот. Околу три четвртини од нив би биле одбиени доколку бил земен предвид само нивниот успех.


Фото: Pixabay

Универзитетот „Харвард“ примил само 3,43 отсто од кандидатите оваа учебна година. Но истражувањето покажува дека е тешко да се влезе и поради други фактори освен оценките или резултатите од приемните тестови.

На овој универзитет речиси 70 отсто од сите деца на поранешни студенти се бели. Според истражувањето, шансите за белите кандидати да бидат примени на универзитетот се седум пати поголеми доколку член на нивното семејство направил донација за универзитетот.

Извор: The Guardian
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование