X
 16.10.2024 Живот

Снимките на Томас Едисон од Толстој: Слушнете го гласот на големиот руски писател

Роден пред 196 години, животот на рускиот романсиер Лев Толстој опфатил период на огромни социјални, политички и технолошки промени.

Иако не доживеал да ја види Руската револуција, романсиерот ги доживеал огромните реформи на царот Александар II, вклучувајќи ја и наредбата за еманципација од 1861 година што го променила општествениот карактер на земјата. Кон крајот на својот живот, Толстој сведочел за доаѓањето на новата технологија за снимање што ќе го револуционизира правецот на неговата животна работа: раскажувањето приказни.

Толстој подоцна се појавил и на видео, во 1908 година, за неговиот 80. роденден. Исто така, тој се појавил на првата фотографија во боја направена во Русија во 1908 година, а можете да слушнете и една од снимките - „Моќта на детството“ направена на 19 април 1908 година.



Приказната за тоа како Толстој ги направил овие снимки е фасцинантна. Заинтересиран за новата технологија, Толстој го направил своето прво снимање во 1895 година, кога претставник на Едисон отишол на имотот на Толстој за да го сними неговиот глас. Тие снимки биле пренесени преку границата во Берлин, каде што се наоѓале во архива додека не биле вратени во Советскиот Сојуз по Втората светска војна.

Кога Стивен Бонсал, уредник на „Њујорк тајмс“, дознал за интересот на Толстој за технологијата за снимање во 1907 година, ветил дека на романсиерот ќе му испрати фонограф „едисон“. Кога слушнал за ова, самиот Едисон не прифатил исплата и лично ја испратил својата машина на имотот на Толстој со изгравирана порака „Подарок за грофот Лев Толстој од Томас Алва Едисон“.

Едисон побарал многу повеќејазични снимки од Толстој, „кратки пораки“ на англиски и на француски, пренесувајќи му на светот некои мисли за морален и социјален напредок. Толстој ревносно направил неколку снимки, кои му биле испратени на Едисон во 1908 година.

Повеќето од снимките што ги направил, наменети за „воспитување на своите сонародници“, се на руски јазик. Но, можете да го слушнете како чита од неговата последна книга „Мудри мисли за секој ден“ на англиски, германски, француски и на руски јазик.



Извор: Openculture.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот