X
 06.07.2023 Живот

Оваа мапа ја прикажува книгата со највисока оцена во секоја земја. Која е таа книга во Македонија?

Читањето е еден од најлесните начини за истражување различни светови.

Ако сакате да додадете повеќе разновидност на вашата листа за читање, разгледајте ја мапата подолу. Таа ги содржи највисоко оценетите книги од локални автори во повеќе од 130 земји, според корисниците на веб-страницата „Гудридс“.

За да прикаже разновидна слика за популарната светска литература, веб-страницата „Вордфајндерекс“ ги ограничи најдобрите книги на секоја земја, на дела од локалните автори. Потоа биле анализирани оцените на корисниците на „Гудридс“ за да се одредат најпопуларните книги по националност низ целиот свет.

Во Македонија, авторката Румена Бужаровска го напиша најомилениот наслов на Македонците. Нејзиниот роман „Мојот маж“ доби оцена 4,11 од страницата за препораки за книги.

„Сведоштво на животот во ДНРК“ од чешката авторка Нина Шпиталникова е највисоко оценетата книга не само во Чешка, туку и во светот. Книгата со детали за искуствата на севернокорејските бегалци може да се пофали со оцена од 4,79 ѕвезди.

kniga
Кликни на фотографијата за поголема резолуција

Извор: Mental Floss
Фото: WordFinderX
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот