X
 10.12.2019 Живот

Како една Херцеговка станала индијански поглавар

Манда Чироки, родена Периќ, од Попово Поле, се иселила од родната Херцеговина во САД во времето на најцрната американска прохибиција во 20-тите години од минатиот век. Таму таа го основа првиот објект за полнење илегален домашен алкохол и го префрла шверцот на тутун од Херцеговина во Америка во посредство со дубровничките трговски линии.

Манда таму се омажила за поглаварот на племето Ваначаке. Поради нејзината мудрост, таа станала поглавар на северните племиња источно од Онтарио. Не била лакома, па голем дел од заштедите им ги дарувала на херцеговските доселеници во Северна Америка, кои ја разгранувале работата. Половината од добивката ја праќале во родната грутка за да може народот да опстане.

Манда ги освоила домородците со познавањето на лековитите билки, па била и лекар и ја викале Манда Врачарката Добар Дух со Луле.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот