X
 16.02.2018 Наука

Соларна бура ќе ја погоди Земјата

Поради долготрајниот соларен одблесок што произлезе од Сонцето на почетокот од неделава, Земјата ќе биде мета на геомагнетна бура од пошироки размери. На 12 февруари се случи соларен одблесок од класа Ц, испраќајќи плазма и електромагнетна радијација во вселената, а дел од нив се упатиле накај Земјата.

фотоизвор: Metro

Иако звучи страшно, сепак ова не е невообичаена појава. Овие настани се и причина за феноменот кој го нарекуваме „Аурора“. И соларниот ветер може да предизвика „Аурора“ кога е доволно силен, но геомагнетските бури се всушност навистина спектакуларни. Светлосното шоу најдобро ќе може да се забележи од Канада, Алјаска и Сибир, како и од Антарктикот.

„Аурора“ не е единствениот ефект од геомагнетната бура. Високофреквентните комуникациски сигнали, кои одат во јоносферата, може да бидат попречени, како и радиосигналите под 30 мегахерци. ГПС-сигналите исто така може да бидат погодени. Ова се случува бидејќи попречената атмосфера може да ги наруши и сигналите што се испраќаат од трасмитерите на земјата и од орбиталните сателити.

За среќа, не се работи за многу силна бура, па се предвидуваат само слаби флуктуации во електричната мрежа.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука