X
 12.04.2018 Технологија

Што ќе се случи кога една земја ќе остане без интернет?

Според Форумот за економска соработка на Азија и Пацификот (АПЕК), околу 97 отсто од сите меѓународни податоци се спроведуваат со интернет-кабли сместени под морето, а нивното оштетување може да има големи последици или дури да го прекине поврзувањето на мрежите во некои земји.

Токму ова се случи минатиот месец во Мавританија, земја на западниот брег на Африка каде што единствениот подводен кабел што ја поврзува земјата со другиот дел од светот бил прекинат. Поправките траеле два дена и за тоа време жителите немале интернет. Со сличен проблем се соочиле и Сиера Леоне, Сенегал, Екваторска Гвинеја, Гвинеја, Гвинеја Бисао, Либерија, Гамбија и Бенин, кои делумно останале без пристап на интернет, вели „Дун“, компанија за веб-инфраструктура во сопственост на „Оракл“.

„Најзначајните и најдолготрајните оштетувања се видливи во Мавританија, со прекини што траеја 48 часа, проследени со делумно обновување на поврзувањето“, пишува Дејвид Белсон.

Меѓународниот кабелски систем има неколку нивоа на резерви со кои овозможил враќање на услугите. Но двата дена во кои повеќе од три милиони луѓе немале интернет покажуваат колку каблите се чувствителни на вакви оштетувања.

Бил оштетен дел од поморскиот кабел долг 17.000 километри, а поврзува 22 земји со Франција. Кабелот прекинал да работи на 30 март, но сè уште не е јасно како. Се шпекулира дека владата на Сиера Леоне извршила напад во обид да влијае врз тамошните избори.

Но Велика Британија и американските воени разузнавачки претставници повеќе пати предупредиле дека релативно малку е направено за заштита на каблите, а руската морнарица континуирано врши активности во нивна близина.

„Во најсериозните сценарија за непријателски напад на подводна кабелска инфраструктура од страна на непријателски актери влијанието на загубата на конекцијата е потенцијално катастрофално, но дури и релативно ограничената саботажа може да предизвика значителни економски нарушувања и да ги оштети воените комуникации“, вели Џејмс Ставридис, пензиониран адмирал на американската морнарица.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија