X
 19.08.2015 Технологија

Експеримент кој ја прикажува опасноста од социјалните медиуми

Во денешно време, кога секој дом има барем еден компјутер, а секој член од семејството има паметен телефон кој има пристап до интернетот, често не сме свесни за потенцијално опасните ситуации.

Социјалните мрежи се составен дел од нашиот живот, а и животот на нашите деца. Сепак, овој експеримент би можел да ве натера да ги преиспитате вашите статови.

Коди Персин е популарен блогер кој има свој YouTube канал. Во соработка со неколку родители, тој решил да направи мал експеримент - лажно им се претставувал на девојчиња.

Имено, нитуедно од девојчињата кои (незнаејќи) учествувале во експериментот не биле полнолетни, а Коди под лажно име ги контактирал и испитувал за нивниот приватен живот. Тој се обидел да договори состанок, а најголем шок за родителите било кога сите до една прифатиле да се видат со непознатиот маж.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија