X
 16.11.2021 Живот

Македонец со најголеми примања во Југославија во 1988 година

Поранешното југословенско списание ТОП во 1989 година објавило листа со најбогати жители на поранешната држава. Написот бил објавен во февруари, а листата се однесувала на најбогатите лица претходната година, односно во 1988, според податоци од даночната служба. Регионалната веб-страница „Југопапир“ го објави овој напис неодамна.


Фото: Yugopapir

На листата нема ниту еден политичар, но има угостители, пејачи, композитори на народна музика, трговски патници, претставници на странски фирми, фудбалери, ликовни уметници, новинари и универзитетски професори.

Во Белград, најголема заработка имал пејач на народна музика (142 милиони динари), додека во Загреб тоа бил трговец (61 милион динари). Во Љубљана најголем приход пријавил академски скулптор (28 милиони динари).

Во Скопје најголеми примања во 1988 имал приватен угостител, кој заработил 171 милион динари таа година. Во написот се споменува и дека приватниот угостител е апсолутен рекордер со најголема заработка во целата поранешна Југославија во 1988 година.

Извор: Yugopapir
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот