X
 29.11.2024 Живот

Зошто пропадна Југославија? Список со фабрики кои би можеле да го нахранат, облечат и изградат целиот свет

Ако ве интересира што се произведувало во фабриките во поранешна Југославија, сега можете да дознаете.

Во поранешна Југославија се произведувало речиси сѐ, од игла, до локомотива. Исто така, многу фабрики во времето на поранешна СФРЈ произведувале производи под оригинална лиценца на многу светски брендови во тоа време.

Денес се чини незамисливо, но тогаш тоа било сосема нормална работа.

Оние што се сеќаваат на поранешна Југославија често велат дека воопшто немало потреба од увоз и дека државата се задолжувала токму за да се развива на овој начин.

На социјалните мрежи кружи мапа со фирми, а на неа може да се види сѐ што се произведувало во Југославија.

Некои од југословенските производи ги користел буквално целиот свет, а се произведувале бродови, автомобили, авиони, камиони, оружје, па дури и компјутери.

На мапата се вклучени и компании кои произведувале облека, храна и други стоки. Голем дел од нив повеќе не постојат, некои се приватизирани, а некои под стечај.

Верувале или не, Југославија била една од петте земји во Европа што имале свои компјутери. Веројатно најпознат е „галакси“, додека првиот произведен компјутер е „ЦЕР-10“. Кон крајот на 70-тите години компанијата „Дигитрон“ во Бује и „Искра“ во Словенија почнале да склопуваат компјутери.

Еве што сѐ имале Југословените, а што создавале југословенските работници во Југославија:

1. „Леви штраус“ го произведувал „Вартекс“ од Вараждин.

2. „Ле купер“ го произведувал „Беко“ од Србија.

3. „Вранглер“ се произведувал во Македонија.

4. Патиките „пума“ се произведувале во Борово, Хрватска.

5. „Адидас“, „Планика“, во Словенија. „Најк“ патики не постоеле, се појавиле кон крајот на 70-тите.

6. „Бос“ се изработувал во ДИОРК во Крагуевац.

7. „Јавор“ од Ивањица произведувал 20.000 кошули месечно за светски извоз.

8. „22 Декември“ произведувала униформи за војската и полицијата.

9. „Елан“ од Словенија ги создал скиите што ги возел светскиот шампион Ингмар Стенмарк.

10. Мајонезот „томи“, ПЕЗ-бонбоните и гумите за џвакање „вригли“, се произведувале во Колинска, Словенија.

11. „Подравка“ со „вегета“ покривала 20 отсто од светскиот пазар на зачини.

12. „Роланд“ класата на малинки била најскапата на пазарот, а Југославија била најголем извозник.

13. Фабриката „Застава“ произвела приближно 200.000 автомобили од кои 90 отсто биле домашни подизведувачи.

14. Сараевскиот ТАС (легендарниот „голф“) со помош на тогашниот УНИС произвел 40.000 „фолксвагени“, но и „буби“.

15. Во Ново Место биле произведени 30.000 „реноа“.

16. „Цимос“ го произведувал „ситроен“.

17. Верувале или не, „пежо“ се произведувало во Приштина.

18.ИДА од Кикинда правела 10.000 „опел“ автомобили, а се правеле и блокови за „мерцедес“ и „бе-ем-ве“.

19. ФАП од Прибој и ТАМ од Марибор произведувале тешки камиони и шлепери.

20. „Икарбус“ произведувал автобуси, а ТАМ минибуси.

21. „Томос“ од Копер произведувал мопеди и надворешни мотори.

22. Фабриката „Лада“ во Русија и фабриката во Полска биле пуштени во погон во соработка со „Фиат застава“.

23. Фаровите на словенечката фабрика „Сатурнус“ биле поставени на „опел“, „фолксваген“, „фиат“ автомобили.

24. ФРАД во Алексинац произведувал филтри за воздух за „Мерцедес“, „Морис“, „Фиат“...

25. ХТД од Охрид произведувал брави, рачки за автоиндустријата и за цело советско производство.

26. Приштина произведувала амортизери за „застава“, „фиат“ и „опел“.

27. Во Белград фабриката „21 Мај“ произведувала мотори.

28. „Југопластика“ од Сплит 40 отсто од своите производи ги извезувала на европскиот пазар.

29. Фабриката „Филип Кљајиќ“ била една од четирите фабрики во светот што произведувале синџири.

30. „Првомајска“ во Загреб произведувала стругови, дупчалки и опремувала цели погони низ светот.

31. ИМТ успеала да извезе 20.000 трактори во Египет.

32. „Бродоградилишта“ во Хрватска ги произведувала најголемите прекуокеански бродови.


33. „Уљаник“ произведувала генератори за бродови.

34. Имало фабрики за електрични апарати, телевизори, радија, грамофони, магнетофони и бела техника - „Обод“, „Цер“, „Горење“, „Искра“, „Руди Чајевац“, „Борац“... Белград дури произведувал еспресо машини.

35. Во Словенија, кон крајот на 70-тите години почнале да се склопуваат компјутери.

36. „Ел Ниш“ бил еден најдобрите светски производители на светилки кои „Филипс“ исто така ги инсталирал, а имало и производство на телевизори во боја.

37. „Инса“ од Земун произведувала часовници.

38. Три фабрики за телефони, од кои едниот „искрин“ е прогласен за најдобар во светот и се наоѓа во Њујоршкиот музеј за современа уметност.

39. Имало две фабрики за светилки, „Тесла“ во Панчево и ТИЗ Загреб.

40. Имало три фабрики за кибрити, а таа во Риека произведувала и парафински кибритчиња за извоз.

41. „Југодент“ од Војводина произведувал и извезувал стоматолошки столчиња во Африка и Индија.

42. „Соко“ во Мостар произведувал авиони и хеликоптерот „газел“.

43. Пиштолот произведен од „Застава“ го користела и американската полиција, а ловечката пушка била најпродаваната пушка во САД.

44. Тенковите се произведувале низ цела Југославија преку соработка на фабриките во Славонски Брод, Крушевац, Белград. Само Кувајт имал порачано над 1.000 тенкови.

45.Покрај ЈАТ имало уште една авиокомпанија - „Инекс адрија“, која во својата флота имал 9 боинг-авиони.

46. Фармацевтската индустрија снабдувала 30 отсто од пазарот на СССР, речиси половина од Африка и Индија.

47. Повеќето од најголемите градежни работи во светот биле проектирани и изведени од „Енергопроект“ и „Енергоинвест“ - од мостови низ Африка и цели населби во СССР, преку болници во Либија, Панама, Зимбабве.

48. „Шипад“ Сараево ги опремувал сите хотели, болници и други проекти изградени насекаде низ светот.

49. „Словенијалес“, „Леснина“ и „Мебло“ речиси целото производство го извезувале на западниот пазар бидејќи имале квалитет и дизајн.

50. Имало железарници во Скопје, Смедерево, Сисак, Зеница и Словенија, фабрики за алуминиум во Титовград и Скопје, фабрика за лим во Косово.

51. Една нуклеарна централа во Словенија, односно тогашна Југославија.

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот