„Гугл“ ја објави новата функција наречена „Истражувај по својата маршрута“ за посета на локации покрај патот додека возите. Намерата е повеќе да уживате во вашето патување и да истражувате интересни локалитети, да посетите ресторани или да видите некои други знаменитости.
Новата функција „Истражете по својата маршрута“ предлага застанување на одредени места што може да ве интересираат. Апликацијата „Гугл мапс“ го прави ова за вас за да не мора да планирате однапред, што овозможува полежерен пристап кон патувањето.
За да имате пристап до овие предлози, треба да допрете „Додај постојки“ кога ќе кликнете на насоките до вашата дестинација. На мапата ќе видите предлози за ресторани и препорачани места за посета. Исто така, може да изберете дополнителни понудени содржини, кои се веќе на мапата, и да видите предлози за нив. Во секое време достапни се дополнителни информации за сите предложени локации, кои треба да ги прегледате пред да ги додадете на вашето патување.
Функцијата ќе биде достапна во претстојната верзија на апликацијата „Гугл мапс“ за „иОС“ и „Андроид“.
Извор: mob.hr
Фото: Freepik