X
 16.12.2016 Технологија

„Facebook“ воведува опција за означување на лажни информации

Социјалната мрежа „Facebook“ вчера објави воведување на нови функции за борба против ширењето на дезинформации и со тоа им овозможува на корисниците сами да ја означат информацијата која ја сметаат за лажна.

„Facebook“ беше критикуван минатиот месец дека пласира лажни вести преку социјалната мрежа што влијаеше на претседателските избори во САД. Оваа новина компанијата ја започна со ограничен број на корисници, за да ја тестира новата функција која ќе овозможи некоја порака да се означи како лажна информација.


фејзбук


Тоа ќе може да се направи со кликнување на горниот десен агол на пораката, каде што веќе постојат контроли за содржината да се означи како „досадна" или „непожелна", се вели во пораката објавена на  „Facebook“.  

„Веруваме во давање глас на луѓето и дека ние сами не можеме да бидеме арбитри на вистината, па така многу внимателно постапуваме со ова прашање", напиша компанијата во објавата.

Оние кои ќе ги проверуваат фактите мораат да пристапат до кодексот на принципи за да може да учествуваат. Досега има 43 потписници на списокот кој го постави институтот „Poynter“, вклучувајќи и информативни медиуми од неколку земји. Ако со проверката се открие дека статијата содржи погрешни информации, таа порака ќе биде означена со триаголник со знак извичник, исто како и сообраќајниот знак за опасност и ќе пишува дека ја оспоруваат независните контролори. Таа статија и понатаму ќе може да се споделува преку „Facebook“ но секогаш со знакот за опасност.

Меѓутоа авторот на тој член или уредникот веќе нема да може да промовира преку „Facebook“, односно да рекламира се наведува во соопштението.

Од „Facebook“ наведуваат дека пораките кои после проверката на фактите се покажале како лажни ќе бидат означени со линк каде ќе се објасни зошто, а таа информација може да падне подолу во „News feed“, но се размислува и за воведување на други функции.

Исто така „Facebook“ размислува за можноста за казнување на веб страните кои се обидуваат да ги имитираат водечките извори на информации или прават обиди да ги наведат читателите да веруваат дека тие се извор на вестите.

Во ноември „Facebook“ веќе објави дека нема веќе да дозволува реклами на веб страници на кои се објавуваат лажни вести, но тогаш не беше наведено по кои критериуми ќе се означуваат таквите веб страни. И интернет гигантот „Google“ најави дека ќе воведе слична политика спрема ваквите веб страни.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија