Сè - од ажурирање на социјалните мрежи до барање паркинг-место - ни одзема дел од нашето бесценето време. Но, речиси никој не знае колку време точно овие мали работи одземаат од нашите животи. Би можело да биде прилично изненадувачки и шокантно кога ќе откриете колку време луѓето трошат на различни активности без воопшто да го сфатат тоа.
1. Обид да заспиете - експертите пресметале дека луѓето поминуваат 7 години лежејќи во креветот обидувајќи се да заспијат навечер. Некои експерти предлагаат да станете од креветот ако не можете да заспиете во период од 20 минути, а добро би било да се напиете топол чај, да прочитате книга, да слушате релаксирачка музика и да се вратите во кревет кога ќе почувствувате дека повторно сте поспани.
2. Барање паркинг-место - сите ги уживаме придобивките од автомобилот, сè до моментот кога треба да бараме паркинг. А оваа активност одзема 248 дена од нашите животи.
3. Купување - една просечна жена троши 8,5 години од нејзиниот живот за купување. Се чини дека мажите ја знаат оваа мала тајна и претпочитаат да прават друга активност што за нив е позначајна.
4. Диета - за повеќето од нас губењето тежина е битка што нема крај. Ова може да биде особено точно за жените. Според истражување, жените трошат 17 години од нивните животи на диети.
5. Подготвување за излегување - Уште не си готова? - е прашање што речиси сите жени го слушаат на дневна основа. А истражувањата потврдуваат дека мажите се подготвуваат многу побрзо во споредба со жените. Една просечна жена троши околу 136 дена од животот подготвувајќи се за излегување и уште 287 дена обидувајќи се да избере што ќе носи, додека на мажите им се потребни само 46 дена.
6. Вежбање - иако ви се чини дека времето поминато во салата за вежбање е еднакво на вечност, реалноста кажува друга приказна. Вежбаме само 1 година и 4 месеци од нашите животи.
Фото: Depositphotos
7. Време пред екран - спротивно на тоа, чувствуваме дека времето поминато пред екран веднаш ни заминува. Истражувањата покажуваат дека просечна личност поминува 11 години од животот зјапајќи во екран. Сега погледнете колку вежбате - можеби затоа поминуваме 17 години држејќи диети.
8. Седење - луѓето поминуваат 21 година од нивните животи седејќи, па не треба да ве чуди што помладите луѓе доживуваат срцев или мозочен удар.
9. Седење во веце - поминуваме 92 дена од нашите животи седејќи на веце-школката. Ова може да звучи чудно, но на некој начин е неизбежно. Но, некои луѓе поминуваат повеќе време во ве-це отколку што им е потребно. Тие читаат книги и весници, играат игри, разговараат, па дури и работат, а ваквото однесување може да доведе до проблеми со здравјето.
10. Чекање во редица - трошиме 235 дена од животот трпеливо (или нетрпеливо) чекајќи во редица.
11. Миење заби - за многумина одењето на забар е страшно, дури и сега кога технологијата се промени толку многу што не чувствуваме ништо додека седиме на столчето.
Експертите препорачуваат миење на забите двапати на ден, не помалку од 2 минути. За тоа, потребни се 79 дена во еден животен век. Но, според едно истражување, просечна
личност поминува само 19 дена на оваа активност.