X
 17.06.2022 Живот

За да не ги одложувате обврските, не поставувајте рокови

Одложувањето на обврските ве чини време. Ново истражување покажува дека најдобар начин да не ги одложувате обврските е да не поставувате рокови. Според истражувачи од Универзитетот на Отаго, доколку навистина мора да поставите рок, тој нека биде краток.

Во истражувањето учесниците требало да пополнат анкета со која се прави донација во хуманитарни цели. Дел од испитаниците немале рок за пополнување на анкетата, а преостанатите имале рок од една недела или еден месец.


Фото: Pixabay

Резултатите покажале дека најмалку испитаници одговориле во групата со рок од еден месец, а најмногу во групата која немала зададен рок. Во групите без рок и краток рок се добиле многу рани одговори, додека испитаниците со голем рок можеле да ја одложуваат обврската и потоа ја заборавале, според истражувачите.

За истражувачите не било изненадување добивањето брзи одговори од групата со пократок рок, но било изненадување тоа што добиле најмногу одговори во групата без рок.

Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот