Британската кралица е подготвена да плати 60.250 евра годишно за оној што ќе управува со нејзините профили на социјалните мрежи, а треба да најде нови начини за одржување на нејзиното присуство во јавноста и на светската сцена.
Кралското семејство, кое од неодамна е присутно и на „Линкдин“, нагласува дека оваа работа подразбира и анимирање на публиката низ светот, а не само во Велика Британија и земјите на Комонвелтот.
- Успешниот кандидат би раководел со мал дигитален тим на експерти, би креирал стратегија за содржини на нашите канали и би работел со колеги за континуирано да го подобрува нашето дигитално присуство - се наведува во соопштението.
Избраниот кандидат ќе мора да се погрижи кралските дигитални канали да предизвикаат интерес и да привлечат публика, со зачувување на репутацијата и влијанието на ова семејство. Оваа личност би требало да биде искусна во користење различни платформи за управување со содржини, социјални мрежи и аналитички алатки.
Менаџерот на социјални мрежи би имал 33 дена годишен одмор (вклучувајќи и празници), бесплатен ручек, обука и придонеси за пензија.
Наведено е дека годишната плата би се движела околу 60.000 долари, во зависност од
искуството.