Иако ви се чини дека сите околу вас се во среќна врска, да се биде сингл има многу предности. Еве кои:
Флертување без ограничување: Без грижи може да се опуштите во флерт со која било личност што ќе ви се допадне. Па доколку флертот не профункционира, не мора да се грижите бидејќи летото е како создадено за запознавање нови пријатели - веднаш ќе пронајдете некоја нова потенцијална симпатија. Само без притисок дека морате да пронајдете некој - тоа секогаш има контраефект.
Правете го тоа што ве прави среќни: Сосема е кул да уживате со вашите пријателки во филмовите по ваш избор! Дури и да се расплачете по 50 пати додека гледате филм.
Посветете си време за себе: Експериментирајте со стилот, пробајте нови фризури и шминки. Бидете центар на својот свет.
Забава, забава и уште забава: Кога сте сингл, имате повеќе време за журкање со пријателките. И, секако, можете да бидете на секоја забава на која сте поканети без грижа на совеста иако, на пример, вашето момче не оди таму.
Озборување на славните: Со пријателките секогаш можете да се расправате за омилената симпатија меѓу славните. Освен тоа, на вашата најдобра другарка никогаш нема да ѝ биде неудобно да отиде на концерт на вашата омилена машка група.
Без стрес за дешифрирање на СМС-пораките или анализа на статусот на „Фејсбук“: И додека вашите пријателки што се во врска постојано го проверуваат телефонот дали добиле одговор на пораката, или имаат главоболки поради најновите статуси и слики на „Фејсбук“, кога сте сингл, ваквите работи нема да ве оптоваруваат.