X
 08.10.2016 Живот

Среќните парови не споделуваат детали од врската на социјалните мрежи

Живееме во време кога на сите луѓе виртуелниот имиџ им е многу важен, понекогаш дури и повеќе од реалниот живот. Навикнати сме врз основа на фотографии објавени на „Фејсбук“ да формираме мислење за нечиј живот и честопати правиме погрешна проценка. Тоа најмногу се однесува на љубовните врски.

Овие се петте причини зошто среќните парови не ги споделуваат деталите од својата врска преку социјалните мрежи:


1.    Кога луѓето се среќни во својата врска, живеат според принципот: овде и сега

Кога некому е добро во животот, а врската им е таква каква што треба да биде, нема потреба од губење време во пишување постови на интернет, за другите да се уверат во истото. Понекогаш и тие двојки знаат да споделат нешто на своите ѕидови, но доволно се окупирани со сопствените животи, па немаат потреба дополнително да ги комплицираат со објави на социјалните мрежи.

2.    Двојките кои ги споделуваат своите проблеми на интернет, немаат исполнета врска

Откривањето на личните проблеми и нивното споделување со виртуелните пријатели, всушност е најнеефикасниот метод за решавање на  проблемите кои постојат. На тој начин работите дополнително се влошуваат.

3.    Вистинската среќа доаѓа од фактот што сте во среќна врска со оној што го љубите

Не добивате ништо од тоа што секојдневно на Фејсбук објавувате докази за вашата среќа. Среќата лежи во поминатото  време  во друштво на саканото лице, а не во објавувањето на интернет.

4.    Никој никому не треба ништо да му докажува

Луѓето што се во навистина среќни врски, немаат потреба да се искористуваат еден со друг за да им докажат на другите колку се среќни. Тие се заедно затоа што го сакаат тоа, и воопшто не се оптоваруваат дали на Фејсбук им пишува статус дали се во врска или не.

5.    Не користат социјални мрежи

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои не користат социјални мрежи се многу посреќни од оние кои  користат, затоа што немаат  константна потреба да се споредуваат со другите,  кои секогаш изгледаат некако посреќни од нив. Честопати на тој  начин забораваме дека  нашиот реален живот, нашите врски, искуства и чувства се она што е  вистински важно, а не постојаната потера по популарност на интернет.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот