Џек Сим, студент по право на Универзитетот во Источна Англија, ги искористил своите скрипти и белешки од предавањата за да го тужи сопственикот на станот во кој живеел додека бил бруцош. Тој го тужел сопственикот за несоодветни животни услови и ја добил тужбата, со што успешно го завршил својот прв судски предмет.
Сим се одлучил да го тужи сопственикот на станот поради кршење на договорот за изнајмување на просторот кој, како што тврди тој, бил градилиште кога се вселил во него во 2020 година, односно не бил подготвен за вселување. Од ѕидовите виселе жици, подовите биле валкани, насекаде имало прашина и немало топла вода, греење и интернет.
Тој живеел на друго место додека работите се завршиле, што траело подолго од ветуваното од страна на сопственикот.
Фото: Pixabay
Сим сега е втора година на студиите по право на универзитетот, а се борел за правда една година. Судскиот процес бил „совршено повторување“ на материјалот потребен за добивање диплома, изјавил тој.
Пред судењето Сим ги проучил правилниците и законите што ги учел за време на студирањето, а врз основа на тоа напишал тужба долга дури 10 страници, во која барал враќање на депозитот за станарина и првата рата, во вкупна вредност од 859 фунти. Тужениот треба да ги покрие и судските трошоци од 140 фунти.
- Тоа беше реална ситуација со реални последици. Бев фрлен в оган. Победата ми докажува дека го можам тоа и позитивно и силно влијаеше врз мојата самодоверба - изјавил тој.
Извор:
Moj Faks