X
 24.12.2016 Живот

Совети кои студентите не ги слушаат често

Советите важат за сите сегашни и идни студенти кои не ги слушаат доволно често, а навистина им се потребни во текот на нивните студентски денови.

1. Останете фокусирани на причината зошто се запишавте кога се подготвувате да одите на факултет или да дипломирате.

2. Факултетот е малку поразличен од средното. Помалку е структуриран. Многу студенти запаѓаат во неволја бидејќи кога ќе се запишат на факултет тие се возбудени и се соочуваат со работи со кои и не можат многу да се справат, а дел од нив се и премногу амбициозни.

Понекогаш се одлучуваат за предавања и предмети кои можеби се премногу за нив. Можеби се одлучуваат да полагаат испити кои не можат да ги научат, и се вклучуваат во неколку организации одеднаш, стекнуваат премногу пријателства и не можат да престигнат.

Бидете разумни, размислете за вашите цели и олеснете си ги активностите. Не се срамете да побарате помош од професорите и вашите колеги.

3. Ова е момент во вашиот живот кога ќе имате можност да бидете опкружени со многу забавни и интелигентни луѓе кои се на ваша возраст.

Факултетот е одлична можност да запознаете пријатели кои ќе ви останат пријатели целиот ваш живот.

4. Со големата слобода доаѓа и голема одговорност. Ова веројатно е прв пат кога вие имате целосна контрола врз вашите избори и време. Затоа, добро би било да направите паметни избори за себеси.

5. Не си одете дома секој викенд. Секако, ќе бидете во искушение особено ако живеете блиску или ако имате врска во вашиот роден град, меѓутоа нема да имате простор да создадете пријатели ако постојано се чувствувате мизерни и сакате да си одите дома. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот