X
 16.12.2022 Живот

Огромен аквариум со 1.500 риби експлодира во хотел во Берлин

Огромен аквариум, висок 16 метри, експлодирал изутринава во хотел во Берлин. Итната служба добила повик околу 6 часот. Водата од аквариумот, во кој имало 1.500 риби, се излеала од хотелот на улицата пред него, пренесува Билд.

Германските медиуми пренесуваат дека две лица се повредени.
Во аквариумот имало милион литри вода. На „Твитер“ се појавила снимка од инцидентот, кој наводно го објавил гостин од хотелот. На снимката се гледа хаос кој се случил по пукањето на аквариумот – лобито во хотелот е уништено, а на подот има вода.

На самото место се пожарникари со службата за Итна помош.
Засега не е познато како дошло до инцидентот. Улицата во која се наоѓа хотелот е затворена, јавија службите на „Твитер“.
– На улицата има многу вода, причината засега е непозната, наведуваат од сообраќајната служба на Берлин.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот