Среќна Нова 2017! Неколку вести за традиционално мамурниот 1 јануари, додека го пиете вашето кафе.
Истанбул со жртви - Во Истанбул е извршен масовен терористички напад во популарен клуб во кој во голем број одат странци. Убиени се 39 луѓе. Терористите повторно сакаа да удрат на „западниот начин“ на живот, а напаѓачот беше облечен во костум од Дедо Мраз.
Започнува примената на новиот Закон за извршување - Од денес започнува примената на новиот Закон за извршување, кој носи поволности за доверители, должниците и за извршителите, а пред се' за ранливите категории граѓани. Законот се предвидува за неплатени комунални сметки извршителот не смее да блокира без претходно да го извести граѓанинот дека постои некој долг.
Првото родено бебе во Македонија е машко - Првороденото бебе во Скопје во 2017 година е родено рано утрово на 01.01.2017 година во 4.15 часов во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Чаир.
Путин не му честита на Обама - Претседателот на Русија вчера им ја честита Новата година на сите значајни државници и шефови на меѓународни институции, вклучувајќи го и идниот американски претседател Донлад Трамп. Честитка не добил само сегашниот претседател на Америка Барак Обама.
Каде е кралицата? - Кралицата Елизабета II веќе некое време не се појавува во јавноста. Прво не присуствувала на божиќната служба на која традиционално одела со семејството, а сега пристигнуваат информации дека нема да се појави ниту на новогодишната. Од палатата соопштуваат дека таа се бори со грип.
Заминува Бан Ки Мун - На чело на ОН од денес, ќе ги води португалскиот дипломат Антониот Гутереш, а после два мандати заминува Јужнокореецот Бан Ки Мун.
Новогодишен срам - Пејачката Мараја Кери доживеа „фијаско“ со плејбекот. Имено, после „техничка грешка“, станало очигледно дека пејачката пред 2 милионската публика пее на плејбек.
Малта и ЕУ - Малта денес го презема своето прво претседавање со Европската унија од кога државата стана членка.
Мирно во Берлин - Полицијата во Берлин вели дека Новата година во овој град беше дочекана мирно без инциденти.
Мирно и во Париз - Главниот град на Франција и' кажа добредојден на 2017 година со десетици илјади луѓе и прекрасниот огномет и секако, засилено обезбедување после неколкуте терористички напади во изминативе две години.