X
 01.01.2017 Живот

Кои се најпродаваните брендови во светот?

Компанијата „Kantar Worldpanel“ секоја година објавува извештај за 50-те најпродавани брендови во светот. Извештајот е заснован на тоа колку домаќинства ширум светот купуваат одредени производи и колку често.

 

2


Ова се најпродаваните брендови според нивната анализа.

10. „Dove“

Во сопствеништво на компанијата „Unilever“, овој бренд спаѓа во водечки брендови кога станува збор за производство од областа на здравјето и убавината.

9. „Knorr“


Исто така во сопствеништво на компанијата „Unilever“. Коцките и зачините на оваа компанија се популарни ширум светот.

8. „Indomie“

Во сопствеништво на компанијата „Indofood“, а станува збор за инстант тестенини.

7. „Nescafé“


Во сопственишто на компанијата „Nestlé“. Овој бренд кафе падна за едно место во однос на претходното рангирање кога беше на 6-то место.

6. „Pepsi“


Во сопствеништво на компанијата „PepsiCo““. Во некои земји, како Египет, „Pepsi“ е дури повеќе популарен од „Coca-Cola“.

5. „Lays“

Во сопствеништво на компанијата „PepsiCo“. Бројот на љубители на овој чипс расте.

4. „Maggi“


Во сопствеништво на „Nestlé“. Инстант супи, сосови и други производи.

3. „Lifebuoy“

Брендот за производи за хигиена во сопствеништво на компанијата „Unilever“.

2. „Colgate“

Во сопствеништво на компанијата „Colgate-Palmolive“. Производите на оваа компанија ги купуваат две третини од домаќинството во светот.

1. „Coca-Cola“

Во сопствеништво на компанијата „The Coca-Cola Companу“ - најпродаваниот светски бренд.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот