Парискиот климатски договор се обидува да го ограничи глобалното затоплување на 1,5 Целзиусов степен. Новиот извештај од Светската метеоролошка организација предупредува дека оваа граница може да биде надмината до 2024 година - а ризикот расте.
Овој наод е меѓу оние што беа објавени во извештајот под наслов „Обединети во науката“. Извештајот открива дека додека емисиите на стакленички гасови се намалиле малку во 2020 година поради пандемијата, сепак се прилично високи - што значи дека концентрациите на јаглероден диоксид во атмосферата продолжуваат да растат.
Концентрациите на трите главни стакленички гасови - јаглероден диоксид, метан и азотен диоксид се зголемиле во текот на изминатата деценија. Тековните концентрации во атмосферата се 147 отсто, 259 отсто и 123 отсто, соодветно, пред да почне индустриската ера во 1750 година.
Концентрациите измерени во опсерваторијата „Мауна лоа“ на Хаваи и на станицата „Кејп Грим“ во Тасманија покажуваат дека има зголемување во 2019 и 2020 година.
Растот на емисиите на CO2 од употребата на фосилни горива забави на околу 1 отсто годишно во изминатата деценија, што е пад од 3 отсто. Невиден пад се очекува во 2020 година поради економското забавување предизвикано од Ковид-19. Дневните емисии на CO2 од фосилни горива се намалија за 17 отсто на почетокот од април поради карантините во земјите, во споредба со претходната година. Но, до почетокот на јуни тие закрепнаа од падот.
Иако емисиите ќе паднат малку, атмосферските концентрации на CO2 сепак ќе достигнат уште едно рекордно високо ниво оваа година. Тоа е затоа што ние сè уште додаваме големи количини CO2 во атмосферата. Глобалната просечна температура на површината од 2016 до 2020 година ќе биде меѓу најтоплите од еквивалентниот период што е забележан, и околу 0,24 степени повисока од претходните пет години. Овој петгодишен период е на пат да создаде нов температурен рекорд низ поголемиот дел од светот, вклучително и Австралија, Јужна Африка, голем дел од Европа, Блискиот Исток и Северна Азија, области на Јужна Америка и делови на САД.
Фото: Pixabay
Нивото на морето се зголемува во просек за 3,2 милиметри годишно во текот на изминатите 27 години. Растот се забрзува - нивото на морето се зголеми за 4,8 милиметри во изминатите пет години, во споредба со 4,1 милиметар годишно за пет години пред тоа.
Во изминатите пет години се забележани и многу екстремни настани - рекордни топлoтни бранови во Европа, циклонот „Идаи“ во Мозамбик, големи пожари во Австралија и на други места, продолжена суша во Јужна Африка и три северноатлантски урагани во 2017 година. Извештајот предвидува постојан тренд на затоплување. Постои голема веројатност дека насекаде на планетата просечните температури во следните пет години ќе бидат над просекот од перидот 1981-2010 година. Загревањето на Арктикот се очекува да биде двојно поголемо од глобалниот просек.
Има шанси глобалната просечна годишна температура да надмине 1,5 степен над прединдустриските нивоа најмалку во една година од наредните пет. Шансата е релативно мала, но сепак е значајна и расте. Ако се појави голема климатска аномалија, како што е силниот Ел Нињо, во тој период, најверојатно ќе се надмине прагот од 1,5 степен.
Сателитските записи во периодот од 1979 до 2019 година покажуваат дека морскиот мраз на Арктикот во лето опаѓал на околу 13 отсто на деценија, а оваа година го достигна најниското регистрирано ниво. На Антарктикот летниот морски мраз достигна најниска и втора најниска мерка во 2017 и 2018 година, соодветно, а 2018 година беше и втора најмала зимска мерка. Повеќето симулации покажуваат дека до 2050 година
Арктичкиот Океан практично првпат ќе нема морски мраз.
Човечките активности емитирале 42 милијарди тони СО2 само во 2019 година. Извештајот моделира низа климатски резултати засновани врз различни социо-економски и политички сценарија. Тој покажува дека ако намалувањето на емисиите е големо и трајно, сепак, можеме да ги исполниме целите на Парискиот договор и да ги избегнеме најтешките штети на природниот свет, економијата и луѓето. Но, загрижувачки, исто така имаме време и да ги влошиме работите.
Извор:
Inverse.com