Секој роман може да биде продаван, но не можат сите да бидат толку многу продавани. На листата со најпродавани романи во светот се наоѓаат повеќе класици и две книги од Џ. Р. Р. Толкин.
„Дон Кихот“ од Мигел Сервантес
Издаден во 1612 година, овој роман бил продаден во половина милијарда примероци и се наоѓа на првото место на листата со најпродавани романи на сите времиња.
„Приказната за двата града“ од Чарлс Дикенс
Овој роман издаден во 1859 година бил продаден во 200 милиони примероци.
Фото: Pixabay
„Господар на прстените“ од Џ. Р. Р. Толкин
Кога се зборува за фантастика, едно име секогаш се издвојува, а тоа е Толкин и неговата трилогија „Господар на прстените“. Таа првпат била издадена во 1954 година и била продадена во 150 милиони примероци.
„Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери
Францускиот аристократ Егзипери во 1943 година го напишал овој роман, кој е преведен на над 300 јазици и продаден во 140 милиони примероци.
„Хобит“ од Џ. Р. Р. Толкин
Авантурите на Билбо Бегинс биле издадени во 1937 година и продадени во 150 милиони примероци.
„Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг
Првиот дел од серијата книги за волшебникот Хари Потер бил издаден во 1997 година. Оваа книга била продадена во 120 милиони примероци, а целата серија била продадена во над 500 милиони примероци и преведен на над 80 јазици.
„Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и ормарот“ од К. С. Луис
Првиот дел од серијалот „Хрониките на Нарнија“ бил издаден во 1950 година и продаден во 85 милиони примероци.
Фото: Pixabay
„Таа“ од Рајдер Хагард
Книгата била издадена во 1887 година и досега биле продадени 83 милиони примероци од неа.
„Авантурите на Пинокио“ од Карло Колоди
Книгата оригинално била напишана на италијански јазик, а издадена во 1881 година. Биле продадени 80 милиони примероци.
„Кодот на Да Винчи“ од Ден Браун
Трилерот на Браун бил издаден во 2003 година и досега бил продаден во 80 милиони примероци.
Извор:
Studentski