X
 05.05.2020 Здравје

Во последното деноноќие: 21 оздравен пациент од Ковид-19 и 8 нови случаи

Денеска, според податоци на Министерството за здравство, се регистрирани 21 оздравен пациент од Ковид-19 во:

- Скопје - 8
- Куманово - 6
- Штип - 1
- Прилеп - 2
- Тетово - 1
- Велес - 1
- Кочани - 1
- Македонски Брод - 1

Во изминатите 24 часа се направени 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на коронавирус, и тоа во:
- Скопје - 3
- Битола - 1
- Велес - 4

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години, која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Согласно ова, вкупната бројка на дијагностицирани лица со коронавирус во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје