Прозорците овозможуваат да влезе светлината во домот, но во летните месеци со светлината влегува и несакана топлина. Затоа, истражувачите создале прозорци што автоматски ја менуваат бојата кога се загреваат на сончева светлина за да ја одржуваат температурата ниска во зградите. Освен тоа, овие прозорци се и соларни панели.
Стаклото што ја менува бојата постои веќе подолго време, но најчесто се користи за очила. Откако се зголеми ефикасноста на проѕирните и полупроѕирните соларни ќелии, тие може да се ставаат на прозорците. Во ново истражување научници од националната лабораторија за обновлива енергија во САД ги комбинирале двете технологии во еден прозорец.
Технологијата наречена „термохроматски фотоволтаик“ може да ја смени бојата кога се загрева на сончева светлина за да го блокира отсјајот и да ја намали потребата за ладење, а истовремено ја собира енергијата од таа светлина бидејќи функционира и како соларен панел. Прозорците се направени од тенок слој на перовскит,
материјал од кој се прават соларните ќелии. Слојот перовскит се наоѓа помеѓу две стакла.
Прозорците ја намалуваат температурата за само седум секунди кога стаклото ќе достигне температура помеѓу 35 и 46 Целзиусови степени. Истражувачите очекуваат следнава година да го направат прототипот за прозорецот со оваа технологија.
Автор: Мајкл Ирвинг
Извор: n
ewatlas.com