Таа знае каде живеете. Знае каков автомобил возите. Знае со кого треба да се видите денес и колку шеќер ставате во кафето. Ова е „Edge“, најпаметната зграда која била изградена. Се наоѓа во Амстердам, а функционира со помош на технологијата.
Уште во моментот кога влегувате во зградата, таа го препознава вашиот автомобил и ве води до вашето место за паркинг. Потоа, во однос на вашите планови, зградата ви доделува слободно место за работа. Зградата е и најеколошки издржливата зграда во светот.
Соларните панели на неа произведуваат повеќе електрична енергија отколку што троши зградата. Панелите се споени околу зградата и се полни со сензори. Во зградата има простории за забава и кафулиња со машини за кафе кои помнат какво кафе пиете.
Пасошот за влез во зградата е смартфонот на вработениот. Со апликацијата се овозможува сè од претходно споменатото.
Секако, во
зградата има и гаража за велосипеди и бесплатни полначи за електрични возила.