Наутро со утринското кафе, си читате весник. Потоа, весникот го засадувате во вашата градина - и добивате растение!
Овој неверојатен весник се продава во Јапонија. Интересна замисла која е еколошка и пригодна за животната средина. Уште еден доказ дека Јапонците навистина мислат на заштитата на животната околина. Весникот е изработен од рециклирачки материјал и зеленчукови сегменти. По читањето можете да го засадите и да никне нов производ во вашата градина. Во Јапонија уште го нарекуваат зелен весник.
На пазарот е присутен веќе неколку години. Се работи за мешавина на рециклирачка хартија, вода и малечки цвеќиња или семиња од зачини. по читањето се дели на помали парчиња и се засадува. Се разбира, редовно треба да се наводнува за да вроди со плод.
Овој весник се продава во четири милиони копии дневно, а заработката е голема. Идејата била да се зголеми свесноста за зачувување на животната средина и да се даде придонес во справувањето со глобалните еколошки проблеми.