Компанијата „
Universum“ неодамна објавила годишна листа на земји кои имаат најголеми очекувања што се однесува до платата. Анкетирани биле 580.397 студенти на бизнис и инженерство од 57 земји. Прашани биле колкава плата очекуваат првата година откако ќе дипломираат.
Оваа листа не го вклучува животниот стандард што е особено мал во местата каде што луѓето имаат пониски очекувања за плата и не ги вклучува сите земји. Но, ги опфаќа повеќето нации и дава увид во нивните економии. Сите бројки се конвертирани во американски долари и се однесуваат на просеци.
Швајцарија е на врвот на листата со очекувања од околу 79.000 долари. По неа е Данска, а потоа САД. Американските студенти по бизнис имаат очекувања од 53.000 долари плата, додека пак инженерите од 63.000 долари.
Германија е петта на листата со очекувања од 47.000 до 49.000 долари. Русија е на деветтата позиција со очекувања за плата од 9.000 до 10.000 долари. Виетнам пак се најдолу ан листата, каде што студентите очекуваат плата од 6.000 долари.
Ова се 10-те земји со најниски очекувања за плата :
Малезија
Бизнис студенти : $9,354
Студенти-инженери : $10,494
Русија
Бизнис студенти : $9,202
Студенти-инженери : $10,101
Бугарија
Бизнис студенти : $8,877
Студенти-инженери : $10,006
Колумбија
Бизнис студенти : $8,508
Студенти-инженери : $9,606
Казахстан
Бизнис студенти : $7,788
Студенти-инженери : $8,021
Индонезија
Бизнис студенти : $7,568
Студенти-инженери : $9,200
Филипини
Бизнис студенти : $7,375
Студенти-инженери : $9,336
Романија
Бизнис студенти : $7,086
Студенти-инженери : $8,159
Египет
Бизнис студенти : $6,453
Студенти-инженери : $7,458
Виетнам
Бизнис студенти : $6,041
Студенти-инженери : $6,397