X
 27.08.2018 Живот

Единствената земја во Европа што има најмногу дрвја

Причина плус зошто Финска се смета за една од најдобрите земји во светот, каде што луѓето живеат удобен и пријатен живот.

1. Финска е најсреќната земја во светот


Извештајот за светската среќа од 2018 година рангира 156 земји врз основа на фактори вклучувајќи БПД, животен век, љубезност, социјална поддршка, слобода и корупција. Од петто место во 2017 година, Финска оваа година се најде на врвот.

2. И најбезбедна

Според мапата за ризици за време на патување, која го оценува светот во три категории - ризици во медицина, безбедност и безбедност на патиштата, Финска има најниско ниво на закана.

1

3. Екопријателска земја


Финска се најде на врвот во Индексот на перформанси за животна средина од 2016 година. Целта на Финска да консумира 38 отсто од нејзината енергија од обновливи извори до 2020 година е правно обврзувачка и таа веќе произведува речиси две третини од својата електрична енергија од обновливи извори.

4. Земја со најмногу дрвја во Европа

Финска има повеќе шума на квадратен километар од која било друга земја во Европа, а на светско ниво се наоѓа на 11-тото место.

5. Најзелен главен град


Хелсинки започна амбициозен проект за забрана на поседување на моторните возила до 2025 година. Искористувајќи ја моќта на новите технологии, властите сакаат да создадат систем за јавен превоз толку добар што никој нема да има потреба од автомобил.

6. Има 179.584 острови


Финска е позната и како Земјата на илјадници острови. 179.584 поточно.

7. И 188.000 езера, вклучувајќи го второто по големина во Западна Европа


Езерото Саима е најголемото во Финска и второ по големина во Западна Европа.

2
Фото: CESA53RONE


8. Земја со голема толеранција


Според Индексот на просперитет „Легатум“, кој ги рангира земјите според голем број критериуми, вклучувајќи ја и личната слобода, базирана на пристапот до законски права, слобода на говор, религија и социјална толеранција, Финска е деветта најтолерантна нација во светот.

9. Има завидна родова еднаквост


Горенаведеното може да објасни зошто Финска е и една од најдобрите земји во светот за родова еднаквост. Се наоѓа на трето место, според извештајот на Светскиот економски форум за глобални родови разлики, зад Исланд (прво место) и Норвешка (второ место).

2
Фото: AFP


10. Во оваа земја живее Дедо Мраз


Покрај толеранцијата и родовата еднаквост - во оваа земја живее Дедо Мраз! Тој живее во Лапонија и може да се посети преку целата година. Лапонија е дом на номадските Сами и нивните ирваси.

11. Финците обожаваат кафе

Финците консумираат повеќе кафе отколку кој било на друго место - 12 килограми по глава на жител годишно.


12. Одличен безжичен интернет

Ако некогаш ве интересирало кои земји имаат најдобро интернет-искуство, меѓу нив е Финска, која е во топ-10.

14. Поларната светлина е вистински рај за очите


Финска е едно од најдобрите места на Земјата каде може да се доживее поларната светлина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот