07.01.2017
Живот
Состојба на патиштата низ Македонија
ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Куманово - Свети Николе е во прекин за сите видови на возила поради наноси од снег на патот.
Од 22:35 часот повторно е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Велес – Катланово.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 07.01.2017 година од 07:00 часот на патниот правец с.Крупиште-Пробиштип е воведена забрана за сите видови сообраќај. Сообраќајот на патниот правец Штип-Кочани се одвива по една коловозна лента.
Сообраќајот на патниот правец Куманово - Крива Паланка се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.
ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово, Ѓавато, патен правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир и патниот правец Велес-Катланово.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонијапат.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.