X
 09.01.2017 Образование

Земјите во кои наставниците најмногу заработуваат

Наставниците се најважната алка во општеството на една земја. Од нив започнува се' - тие се оние кои на децата им даваат основа, љубов и ги поттикнуваат да го сакаат учењето.

 

nastanik


Дали некогаш сте се запрашале колку тие заработуваат и дали е тоа доволно? Во нашата земја сигурно не, меѓутоа еве во кои држави професијата наставник навистина се цени и е платена.

10. Велика Британија


Годишната плата на британските наставници изнесува 29.500 долари, додека ако имаат доволно искуство може да се искачи до 49.000 долари.

9. Австралија

Наставниците во Австралија се платени 35.000 долари на годишно ниво, додека платата може да се зголеми до 57.000 долари во зависност од искуството на наставникот.

8. Канада

Просечната годишна плата која наставниците ја земаат на почетокот на нивната кариера е 35.000 долари, додека наставниците со долгогодишно искуство земаат до 58.200 долари.

7. Јапонија

Јапонските наставници се едни од најценетите во светот. На годишно ниво тие земаат 27.000 долари, додека нивната плата може да се зголеми за плус 33.000 долари доколку имаат долгогодишно работно искуство.

6. Америка


Наставниците во Америка земаат околу 3.000 долари месечно, односно 37.000 долари годишно, а нивната плата се зголемува до 60.000 долари во зависност од искуството кое го имаат.

5. Ирска

Годишната плата со која наставниците во Ирска започнуваат е 33.000 долари, а платата на искусните наставници може да достигне до 62.300 долари.

4. Германија

Германските наставници на годишно ниво земаат 46.000 долари, а наставниците со најголеми искуство достигнуваат до 68.000 долари.

3. Јужна Кореја

Иако годишната плата на наставниците изнесува 20.000 долари и не е многу голема, во понатамошната кариера може да достигне до 80.000 долари.

2. Швајцарија

Швајцарија е земја од која сите треба да земеме пример за тоа како треба да функционира едно општество. Во оваа земја наставниците на годишно ниво земаат неверојатни 50.000 долари, додека за оние најискусните следуваат 76.000 долари.

1. Луксембург


Луксембуршките наставници започнуваат со 73.000 долари плата на годишно ниво, а нивните долги години во образованието може да им донесат покачување од 131.000 долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование