X
 15.01.2017 Живот

Туристичка агенција која ве води на мистериозни патувања

На секој чекор можете да најдете туристички агенции и интернет страни кои може да ви помогнат во планирање на патувања насекаде низ светот. Во морето слични, се наоѓа и една која и тоа како се разликува од останатите.

 

патување


Со канцеларии во Калифорнија и Мекиско, но услуги кои ги нуди за целиот свет, „Jubel“ на своите патници им нуди патувања полни со изненадувања. Па, доколку сакате авантура, тогаш ова е вистинската работа за вас.

„Jubel“ создава персонализирани патувања базирани врз одговорите кои ќе ги оставите во нивниот прашалник. Тие нудат 6 можни „патувања“: културно, забавно, морско, активно во природа, лежерно во природа и „Јубелер“ кое е мешавина од сите наведени.

Откако ќе изберите едно од овие 6 опции, тие ви испраќаат прашалник во кој, помеѓу останатото, треба да напишете кои места би сакале да ги посетите и кои сакате да ги избегнете. Можете и да кажете каков вид на сместување и превоз повеќе сакате.

Кога „Jubel“ ќе ги анализира податоците, ви испраќа две понуди со опширен опис од планот на патувањето, па вие избирате кое повеќе ви одговара. Неколку недели пред патувањето, агенцијата ви ја испраќа вашата карта и информациите за хотелот.

Дури кога ќе стигнете на дестинацијата, добивате понатамошни информации за тоа што ве чека, односно какви активности се испланирани за вас.

За организацијата, „Jubel“ зема 10 до 15% од цената на патувањето. Доколку сакате да се пријавите за вакво патување, тоа можете да го направите ТУКА.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот