X
 28.07.2024 Наука

Вселенска архитектура: Развиени лего-коцки кои ќе се користат за изградба на објекти на Месечината

Истражувајќи како се подигнуваат структури во вселената, Европската вселенска агенција (ЕСА) создаде сопствена 3Д-печатена верзија на лего-коцки од прашина од метеорит.

Овој изум ЕСА го нарекува „вселенска тула“, а го прави со помош на прашина стара 4,5 милијарди години, која е пронајдена во 2000 година во Северозападна Африка. Имено, метеоритската прашина служи како замена за лунарниот реголит, материјалот што ја покрива површината на Месечината, кој главно се формира како резултат на удари од метеорити.

Примена во изградба на лансирни рампи и живеалишта

Бидејќи на Земјата има само мала количина реголит, односно од примероците вратени за време на мисиите „Аполо“, научниците се одлучиле за најблиската замена што би можеле да ја најдат. Развојот на вселенската тула е дел од придонесот на ЕСА во меѓународната програма „Артемис“, која има цел не само да ги врати астронаутите на Месечината, туку и да воспостави лунарна база таму.

Бидејќи носењето материјали од Земјата се смета за премногу скапо и одзема многу време, научниците се надеваат дека лунарниот реголит може да се користи за изградба на структури, како што се лансирните рампи и живеалиштата. Ајдан Каули, шеф на лабораторијата, истакнал дека неговиот тим сака „креативна конструкција“ и имал идеја да истражи дали вселенската прашина може да се обликува во мал блок како лего-коцки за да тестира различни градежни техники.

- Нашите тимови работат на иднината на патувањето во вселената, а ние црпиме инспирација не само од она што е над нас, туку и од она што можеме да го најдеме на Земјата. Никој досега не изградил структура на Месечината, па мораме да сфатиме не само како ги градиме, туку и од што да градиме, бидејќи не можеме да носиме никакви материјали со нас - истакнал Каули.

За да се добијат материјали погодни за 3Д-печатење, тимот сомлел парчиња метеорит во прашина и ги измешал со мала количина полилактична киселина, еден вид биоразградлива биопластика, како и „симуланти на реголит“, мешавина од минерали на Земјата наменети да личат на составот на површинскиот слој на Месечината. Нивниот дизајн е приближен на обликот и големината на лего-коцките, иако точноста е многу тешко да се репродуцира во оваа скала на 3Д-печатење и барала многу промени. Тимот истакнал дека поради ова, облиците на лего-коцки станале „вообичаен тест за овој тип проекти“.


Блоковите, исто така, работат на истиот принцип како лего, со цевки на долната страна на циглите кои се заклучуваат со шилци на врвот на тулите на долната страна.

- Резултатот е неверојатен и иако коцките изгледаат малку погруби од вообичаеното, важно е држењето на матрицата да работи, што ни овозможува да бидеме креативни и да го тестираме нашиот дизајн - рекол Ејдан Каули.

Извор: gradnja.rs

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука