X
 19.05.2020 Наука

Како ќе изгледа следната мисија на НАСА до Месечината?

Помеѓу 1968 и 1972, САД испратила девет човечки мисии до Месечината. Шест од овие мисии успешно слетале на Месечината, со што 12 астронаути стапнале на ова вселенско тело.

НАСА неодамна објави дека сака повторно да испрати мисија до Месечината. Проектот со кој ќе ја реализира следната мисија е наречен „Артемис“. Една од целите на овој проект е подготвувањето за поголеми човечки мисии до Марс. Како ќе изгледа една мисија во рамки на проектот „Артемис“?


Според видеото објавено од НАСА во кое се објаснува проектот, астронаутите ќе летаат до Месечината во најмоќната ракета на планетата. Пред да се насочи кон Месечината, ракетата ќе направи круг околу Земјата. Во патот кон Месечината, делот од ракетата во кој ќе се наоѓаат астронаутите ќе се одвои и сам ќе го продолжи патувањето.

Кога астронаутите ќе пристигнат на Месечината, роверите, научните експерименти и останатите системи кои ќе бидат искористени во мисијата веќе ќе бидат пристигнати на Месечината. Во орбитата на Месечината ќе има станица на која ќе се приклучат астронаутите.


Извор: space.com
Фото: YouTube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука