X
 20.01.2017 Живот

И Холандија се вклучува во најлудиот експеримент

Во Финска започна исплата на основната месечна плата од 560 евра, како дел од социјален експеримент, со цел да се намали државната бирократија и сиромаштијата и да се зголеми вработеноста.

 

holandija


Овој пилот проект ќе трае две години, а Финска е прва земја во Европа која го воведе овој проект.

Минатата недела 2.000 случајно избрани невработени Финци веќе добија 560 евра, а во тек е исплатата и на останатите кои немаат работа.

Директорката на програмата вели дека сите невработени ќе добијат пари без оглед на се`.

„Може да останат дома и да не прават ништо доколку им е доволен овој основен приход. Но, може и да имаат работа со скратено работно време или да започнат бизнис“, вели таа.

Станува збор за проект кој Финците го претставија минатата година во склоп на кампањата на владата која се залага сите граѓани да имаат основен приход кој во Финска изнесува 560 евра.

Експериментот во текот на 2017 година ќе биде тестиран и во неколку градови во Холандија.

Оние кои го поддржуваат моделот истакнуваат дека сиромашните и невработените на овој начин ќе бидат позаштитени, додека оние кои се против наведуваат дека поради овој модел никој од невработените нема да биде мотивиран да побара работа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот