X
 21.01.2017 Технологија

Русите произведоа православен телефон за „вистинските верници“


Православен телефон

Ем руски, ем златен, ем православен... Цената му е 25.000 евра!  А гаранцијата е неверојатни  12 месеци!
Русите направија православен мобилен телефон. Од 18-каратно злато, со копчиња во форма на крст и цена што можат да си ја дозволат само богатите верници - 25.000 евра!

Телефонот е украсен со мотиви од православието, на позадината има слика од православен крст, изработена во посебна техника со листови од злато, што се користи при изградба на цркви и куполи.

Колекцијата „Делук Меридијан“ ќе претстави само 988 примероци. Овој број не е случаен, бидејќи ја симболизира годината на покрстувањето на Русите. Секој апарат има единствен број од 001 до 988, па купувачите, во секој случај привилегирани со оглед на цената што ќе мора да ја платат, по сопствен избор ќе можат да го изберат посакуваниот реден број.

Специјален е и софтверот, како што наведуваат.

Единствениот православен телефон со 2 SIM картички, има меморија од 32 гигабајти и камера од три мегапиксели. Тежи 125 грама, а гаранцијата е една година.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија