Живеењето во еднособен стан во огромен облакодер во Хонгконг ќе ве чини околу 2.000 евра месечно, додека становите од само неколку квадрати се изнајмуваат за неколку стотици евра.
Зградата се нарекува „Чудовиште“ и се наоѓа во Хонгконг. Поточно, станува збор за пет меѓусебно поврзани згради кои сочинуваат комплекс со 2.243 стана, во кој моментално живеат околу 10.000 жители. Исто така, „Чудовиште“ е најпознат пример на брутализам во архитектурата во Хонгконг. Планот бил да се сместат што повеќе луѓе во зградата, просторот е максимално искористен, но за разлика од таквите градби во Источна Европа, па дури и на Запад, делови од оваа зграда се обоени вертикално во разни бои, што ѝ даваат ноти на разиграност така што не се забележува бруталистичкиот стил.
Зградата била изградена во 60-тите години по наглото зголемување на населението во Хонгконг. Станува збор за комплекс од станови кој бил наменет за социјално загрозеното население и работниците. Со текот на годините работите се промениле, па денес, минијатурните станови од само 9 квадратни метри, поделени на простор за спиење, работна површина, кујна и простор за складирање, се издаваат за 500 евра месечно.
Инаку, Хонгконг е наводно најскапиот град во светот, пред Сингапур и голем број швајцарски градови. Според истражувањето на компанијата за финансиски консултантски услуги „Мерсер“, овој кинески регион веќе трета година по ред се смета за најскапо место за живеење.
Извор:
Jutarnji.hr
Фото:
Wikipedia