Двајца другари од Норман, Арканзас, го потсетуваат светот за моќта на пријателството и како тоа може да ги промени животите на луѓето.
Приказната за пријателите Танер Вилсон и Брендон Куалс предизвика медиумско внимание и ги стопли срцата на луѓето поради несебичниот чин на Танер.
Брендон, кој користи инвалидска количка за да се движи, веќе неколку години користи модел што бара да се употребат двете раце. Поради тоа, на Брендон количката му станала прилично тешка.
- Рацете постојано ми се уморни - изјави Брендон.
Поради тоа, неговиот пријател Танер две години штедел пари од работата во локалната механичарска продавница за да купи електрична инвалидска количка за Брендон.
Танер му ја покажал новата количка на Брендон пред нивните соученици, а Брендон беше навистина изненаден.
- Ме расплака. Не ми се веруваше дека тоа го направи за мене. Сонував за ваква количка. И сонот ми се оствари - рече Брендон.
Блиско пријателство
- Отсекогаш ми беше добар пријател, така што сакав да му направам услуга. Сметав дека треба да го направам тоа бидејќи Брендон секогаш е тука за мене - вели Танер.
Мајката на Танер вели дека медиумското внимание му годи на Танер и дека тој е среќен кога ги чита пораките што другите луѓе ги постираат онлајн за неговото добро дело.
- И двајцата заслужуваат внимание бидејќи се неверојатни деца - вели таа. Таа вели дека не ја изненадил гестот на Танер бидејќи знае каков син воспитала.
И наставниците се согласуваат дека Танер е одлично и воспитано младо момче.
- Тој обожава да прави добри дела за другите. Тој е одлично момче - вели наставничката Кети Бејкер.
Танер едноставно посакува луѓето повеќе да се грижат за другите освен само за себе.