X
 23.01.2017 Наука

Загрижени научници: што ги „убива“ галаксиите?


Ѕвездена ноќ

Подолго време научниците се соочуваа со мистериозни „убиства“ на целии галаксии низ вселената, за кои не можеа да понудат објаснување. Новото истражување сугерира дека причината за тоа е притисокот што настанува при движењето на небесните тела низ средина исполнета со гасови – ram-pressure striping, а галаксиите заради тоа го губат материјалот од што се составени, односно гасот, пишува iTech Post.

Ова истражување е објавено на 17 јануари од тимот истражувачи со седиште во International Centre for Radio Astronomy Research. Во објавената студија, тимот проучувал 11.000 галаксии, за да ја објаснат мистеријата зад  „убиствата на галаксиите“.

Гасот е составна компонента  на галаксиите и тие без него не се во состојба да создаваат нови ѕвезди, што води кон нивна прерана смрт. Процесот „ram-pressure striping“ предизвикува смрт на галаксијата во период од околу 10 милиони години, што според астрономското поимање на времето е мошне краток период.

„Тоа можете да го замислите како една огромна вселенска метла што поминува низ галаксијата и физички го ‘мети’ целиот гас од неа. Ако го отстраните горивото за формирање  ѕвезди, вие всушност ја убивате галаксијата и ја претворате во мртов објект“, сликовито објаснува Тоби Браун, водачот на ова истражување.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука