Во блиска иднина пациентите нема да можат да ги лажат докторите за степенот на болката што ја трпат. Причината за тоа се австралиските научници што ја откриле „бојата на болката“.
Имено, научниците создале тест за крв што ја идентификува хроничната болка врз основа на која произведуваат клетки кога се испитуваат под посебно светло.
Австралискиот невробиолог Марк Хачинсон, кој го предводел истражувањето, вели дека тестот што идентификува болка врз основа на „биомаркер“ буквално ја одредува „бојата на болката“.
Фото: Thinkstock
- Да бидеме во можност да измериме нешто што претставува најчеста причина поради која луѓето одат на доктор е нешто што ја менува лекарската практика - истакнува професорот Хачинсон.
- Во состојба сме да ја искористиме разновидноста на боите за да добиеме одговор дали крвта тече од некој што има болка или нема - додава тој.
Револуционерниот пронајдок ќе биде од големо значење за луѓето што не се во состојба да ја опишат својата болка, како малите бебиња или постарите луѓе со деменција.
- Овие луѓе не се во состојба да ја опишат својата болка, така што со овој тест можеме да откриеме колку тие патат. Ова е нешто навистина значајно - вели Хачинсон.
И некои претходни тестови за крвта можеле прецизно да ја дијагностицираат болката, но за тоа биле потребни неколку дена. Овој нов тест резултатите ги дава моментално.
Тестот може да уочи и кога нема болка и кога болката е хронична. Научниците се надеваат дека наскоро ќе можат да идентификуваат и различни нивоа на интензитет на болката.