X
 15.09.2015 Наука

Научниците одлучија да откријат дали навистина постои "геј радар"

Научниците од Универзитетот во Висконсин-Медисон предводени од Вилијам Кокс одлучија да дознаат дали кај луѓето постои „геј радар“ со кој може да се препознае дали некој е хомосексуалец.

 

геј


На група на волонтери им биле презентира 55 хетеросексуални и 50 хомосексуални мажи поврзани со изјави по случаен избор, врз чијашто основа волонтерите требаше да одлучат дали мажите од фотографиите се хетеросексуалци или хомосексуалци.

На волонтерите им беше поставено прашањето дали сметаат дека изјавата под фотографијата открива дали мажот е хомосексуалец или хетеросексуалец, а откриено е дека поголемиот дел од испитаниците горе-долу погодиле дали станува збор за хетеросексуалци или хомосексуалци. Врз основа на овие податоци научниците можеа да донесат друг заклучок - стереотипите играат главна улога во тоа како донесуваме одлука во нашата глава.

Пред почетокот на истражувањето, посебна група на испитаници го оценувале квалитетот на фотографијата, а кога започнало испитувањето, испитаниците за луѓето со повисок квалитет, тврделе дека гледаат хомосексуалци.

Колку бил подобар квалитетот на фотографиите, толку почесто луѓето мислеле дека на неа човекот е хомосексуалец, а тоа се совпаѓало и со базата на податоци.

Истражувањето покажало дека сексуалната ориентација на една личност не може да се заклучи врз основа на лицето, но претходните истражувања претпоставиле дека може да постои „геј радар“ кој помага во создавање на заклучок во врска со сексуалната ориентација на некоја личност врз основа на сликата на нејзиното лице, но во тие испитувања не е земен во предвид квалитетот на фотографиите, ниту пак некој друг детал.

На крај, научниците собрале 233 студенти и ги поделиле во три групи. Во првата група им е кажано дека феноменот „геј радар“ постои, на другите им е кажано дека станува збор за стереотипи, додека на третата група терминот воопшто не им е споменат.

Потоа на групите им ги презентирале истите фотографии со тврдење дека некој е геј, додека во втората група, испитаниците често тврделе дека не се сигурни кои се сексуалните ориентации на фотографиите и биле повнимателни.

На крај научниците заклучиле дека „геј радарот“ најверојатно е мит во кој има само мал дел на вистина со кој се оправдуваме кога проценуваме дали некоја личност е хомосексуалец или хетеросексуалец врз основа на стереотипите како фризурата, гестикулациите и начинот на облекување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука