X
 24.01.2017 Живот

Трамп забрани вработување во јавната администрација

Претседателот на Америка, Доналд Трамп, првиот работен ден го одбележа со средби со претставниците на двете партии во Конгресот, за да има ја претстави својата агенда.

 

трамп


Трамп имаше закажано доста состаноци уште првиот работен ден, со што покажува дека е подготвен да сослуша и други мислења.

Трамп најпрво имаше појадок со водечките бизнисмени, а потоа средба со претставниците на синдикатите и работниците во попладневните часови, а подоцна и прием за членовите на Конгресот чија поддршка му е потребна за промена на здравствениот систем. Трамп имаше состанок и со претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан.

Преполниот распоред следуваше после турбулентниот викенд во Белата куќа, откако Трамп ги нападна медиумските организации бидејќи ја пренеле точната бројка на луѓе кои присуствувале на инаугурацијата во петокот.

Говорот за време на инаугурацијата експертите го проценија како најрадикален во историјата на Америка, меѓутоа Трамп во неделата испрати поблага порака во обид да ги разубеди Американците.

Говорејќи на церемонијата, пред високи претставници на Белата куќа, претседателот порача дека пред нив се големи предизвици, за кои верува дека се подготвени.

Во верба едни во други, но и со верба во Бога, ќе ја завршиме работата“, изјави Трамп. „Ќе докажеме дека сме достојни за овој историски момент. Мислам дека ова е голем момент во историјата“.

Трамп изјави дека неговиот тим во Белата куќа е за да се посвети себеси за благосостојбата на нацијата“.

„Ова не е за партијата, ова не е за идеологијата. Ова е за земјата, за нашата земја. За да им служиме на луѓето на Америка“, изјави тој.

Трамп реагираше и на протестите. Прво ги нападна демонстрантите, а потоа го бранеше правото на протест.

„Бев под притисок, гледајќи ги протестите вчера, дека само што сме имале избори. Зошто овие луѓе не гласале? Познатите предизвикуваат голема штета“, напиша Трамп во неделата наутро.

Час и половина подоцна, тој се обрати на јавноста со значително посмирен тон.

„Мирните протести се симбол на нашата демократија. Иако не се согласувам секогаш, го признавам правото на луѓето да ги изнесат своите ставови“, напиша претседателот на „Twitter“ кој и понатаму го користи наместо официјалниот профил.

Трамп исто така, во неделата разговараше со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху кој го прифатил повикот на претседателот да ја посети Белата куќа во февруари.

Трамп најави средба со канадскиот премиер Џастин Трудо, и мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието.

Во текот на неделата, новиот претседател на Америка ќе се обрати до републиканските конгресмени и ќе се сретне со британската премиерка Тереза Меј.

 

трамп

 

Третиот ден од мандатот на Трамп, го одбележа ветувањето кое Трамп го даде за време на предизборната кампања.

Во согласност со неговиот протекционистички поглед на економијата, Трамп потпиша претседателски указ за повлекување на САД од Транспацифичкото партнерство за слободна трговија (ТПП), кое беше договорено за време на администрацијата на Барак Обама.

„Направивме одлична работа за американскиот работник“, изјави Трамп при потпишување на спогодбата.

Повлекувањето на Америка од ТПП значи слабеење на врските помеѓу Америка и нејзините азиски сојузници, додека влијанието на Кина во Југоисточна Азија ќе биде во пораст.

Договорот е потпишан од 12 земји: Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Јапонија, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур, Америка и Виетнам.

Хари Казианс, директор на катедрата за одбрана во Центарот за национални интереси во Вашингтон изјави дека Трамп мора да најде алтернативен начин да ги убеди сојузниците во Азија.

„Ова може да вклучува повеќе трговски договори. Прво треба да им се пристапи на Јапонија, Тајван и Виетнам бидејќи тие се клучни за секоја азиска стратегија која ќе ја спроведе Трамп“, изјави Казианс.

Трамп во понеделникот потпиша уште два укази. Со првиот воведе забрана за вработување во сите институции на федералната влада, освен во војската, а со другиот го потврди веќе постоечкиот закон со кој на странските невладини организации им се забранува промовирање и финансирање на абортусот.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот