Првата пречка во пронаоѓањето на одговорот на ова прашање е како да се препознаат паметните луѓе.
Џонатан Вај, истражувач од Универзитетот Дјук, вели дека најбогатите
луѓе во светот често посетувале престижни факултети. Вај признава дека тоа не мора да биде совршено мерило бидејќи и спортистите може да студираат на одлични универзитети, но не мора да покажат исто ниво на знаење како и останатите студенти.
Интелигенцијата и природата
Истражувањето на
Џеј Загорски од Универзитетот во Охајо, покажува дека секој дополнителен поен на тестовите за интелигенција е поврзан со 200 до 600 долари дополнителни приходи. Тоа значи дека личноста која има IQ 130, заработува помеѓу 6.000 и 18.500 долари повеќе годишно од личноста која има просечен IQ од 100.
Сепак, екстремно високиот коефициент на интелигенција се покажал како добар индикатор за банкрот. Загорски вели дека постои можност паметните луѓе да се премногу самоуверени и заради тоа прават финансиски грешки.
Кога се работи за богатството, интелигенцијата не игра никаква улога, бидејќи многумина наследуваат огромно богатство. Сепак, ни големото наследство, не значи дека некој паметно ќе располага со тие пари.
Богатството не е огледало на способностите
Истражувач од Универзитетот во Ерусалим наведува дека богатството не е никаков показател на интелигенција. Тој вели дека тешко е да се разликува дали некој е способен или само има голема среќа.
Во тек на истражувањата во врска со распределбата на богатствата, научниците заклучиле дека богатството е распоредено потполно случајно. Најголем проблем, според нив, е кога богатите луѓе влегуваат влегуваат во политички води, како што е на пример случајот со Трамп и неговите најблиски соработници. Истражувачите сметаат дека таквите луѓе се оддалечени од обичните и нивните проблеми, па тоа претставува дополнителна пречка во нивното успешно управување со државата.