X
 18.12.2019 Наука

Милионерите се посреќни од оние со просечни плати, но не поради парите

Дека милионерите се посреќни од оние со просечни примања не е некоја новост. Но, причината поради која се посреќни е новост. Според најновите истражувања, милионерите се посреќни од луѓето со просечни примања поради начинот на кој го поминуваат слободното време.

Во истражувањето се вели дека и милионерите и просечната личност трошат иста количина на слободно време (околу 46 отсто од вкупното време).

Истражувањето опфатило над 800 милионери во Холандија и национален репрезентативен примерок од околу 1.200 луѓе. Излегува дека милионерите посветуваат поголем дел од слободното време (22 отсто) на активности отколку што поминуваат луѓето со просечни примања (15,7 отсто од своето време). Тоа вклучува работи како молење, социјализирање, одржување блиски односи, вежбање, хоби и волонтирање. Во меѓувреме, луѓето со просечни примања посветуваат повеќе слободно време (30,2 отсто) на пасивни активности, како дремнување/одмарање, релаксирање и гледање телевизија.

Иако и двете групи поминуваат иста количина време на работа (16 до 19 отсто од своето време), милионерите имаат поголема автономија на своите работни места.

pari

- Откриваме дека кога ќе се отстранат финансиските ограничувања, работите кон кои луѓето гравитираат се активности во слободното време и автономија во работата - велат научниците.

Вреди да се напомене дека овие статистики се однесуваат само на милионери во Холандија; процентите веројатно ќе се движат поинаку во други делови на светот.

Начинот на кој го користиме нашето време влијае врз нашата способност да изградиме богатство.

Сара Стенли Фала, директорка на Институтот за богати пазари и авторка, анкетирала повеќе од 600 милионери во Америка и открила:

- Одлуките што ги донесуваме, особено поврзани со распределбата на нашето време, енергија и пари, влијаат врз нашата способност да станеме финансиски независни.

На пример, милионерите вложуваат повеќе енергија за личниот развој. Тие поминуваат приближно пет и пол часа неделно читајќи од задоволство и речиси шест часа неделно вежбаат, додека просечниот Американец поминува два часа читајќи од задоволство и два и пол часа вежбајќи.

Уште повеќе, просечниот Американец поголем дел од своето време го посветува на социјалните мрежи или играјќи видеоигри, а милионерите поминуваат помалку време. Милионерите во просек поминуваат два и пол часа неделно на социјални мрежи, во споредба со просечните Американци кои поминуваат 14 часа неделно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука