Кина е дом на повеќе од 10% од светските милијардери. Во изминатите неколку години бројот на милијардери во Кина рапидно се зголеми благодарение на брзиот развој на технологијата и недвижниот имот. Просечен милијардер од Кина има богатство од 2,7 милијарди долари. Ова се 10. најбогати милијардери во Кина, чие богатство се движи од 14 до 41 милијарда долари:
фотоизвор: Getty Images
1. Јиехе Јан
Богатство: 14,1 милијарда долари
Компанија: основач, „Кина Пацифик констракш груп“
Индустрија: градежништво
2. Зидонг Занг
Богатство: 15 милијарди долари
Компанија: советник, „Тенсент холдингс“
Индустрија: медиуми/забава
3. Јун Леи
Богатство: 15,1 милијарди долари
Компанија: претседател, „Ксаоми“
Индустрија: електроника
4. Хејун Ли
Богатство: 15,5 милијарди долари
Компанија: претседател, „Ханерџи холдинг груп“
Индустрија: чиста енергија
5. Леи (Вилијам) Динг
Богатство: 17,2 милијарди долари
Компанија: извршен директор, „Нет Из“
Индустрија: интернет
6. Јианлин Ванг
Богатство: 18,1 милијарди долари
Компанија: претседател, „Даилан Ванда груп“
Индустрија: комерцијална сопственост
7. Хуијан Јанг
Богатство: 20,7 милијарди долари
Компанија: заменик-претседател, „Кантри гарден холдингс“
Индустрија: недвижен имот
8. Ка Јан Хуи
Богатство: 27,5 милијарди долари
Компанија: претседател, „Евергранд риал естејт груп“
Индустрија: недвижен имот
9. Џек Ма
Богатство: 40,2 милијарди долари
Компанија: извршен директор, „Алибаба груп“
Индустрија: е-продажба
10. Хуатенг Ма
Богатство: 41,8 милијарда долари
Компанија: претседател, „Тенсент холдингс“
Индустрија: медиуми/ забава