Откако биле најавени температури под нулата, локалните жени во Индија почнале да прават шарени џемпери за злоставуваните слонови.
Конзерваторскиот
центар ги прима спасените слонови кои претходно претрпеле тепање или друг вид на злоставување, а жените ја изработуваат облеката. Картик Стианарајан, основач на центарот, реклa дека е многу важно да се направи оваа акција.
„Важно е да ги заштитиме нашите слонови заштитени од студениот бран додека трае зимата, бидејќи тие се слаби и ранливи од злоставување, а воедно и подложни на болести како пневмонија,“ рекла во изјава за Times of India.
Во моментот во центарот се сместени 20 слонови спасени од незаконско заробеништво, циркуси и изложеност на екстремно малтретирање. Персоналот планира да спаси уше 50 слонови во 2017, со надеж дека ќе обезбеди и повеќе земјиште за нив.